Чу ли, мајко, чу ли, пушки припукале,
пушки припукале, мајко, над града Битола,
над града Битола, мајко, горе во планина,
горе во планина, мајко, меѓу двете села, .
меѓу двете села, мајко, Буково, Ореово.
Таму ми паднале, мајко, млади Македонци,
млади Македонци, мајко, се добри јунаци.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год
БОРБАТА ПРИ СЕЛО ОРЕОВО – Народни песни во кои се спомнува Битола
- Advertisment -
Српска војска во Битола за време на Балканските војни – Битола...
Српска војска во Битола за време на Балканските војни. Лево на старата фотографија се гледа објектот на Црвената Касарна кој бил тешко оштетен за...