Неолица е врв на Баба Планина лоциран на 1865 метри надморска висина, оддалечен околу 10 км од Битола. На една од патеките која води до врвот Неолица е сместен и истоимениот планинрски дом на 1440 метри надморска висина, кој има капацитет од 48 кревети и редовно работи за викенд преку цела година.
Планинарскиот дом Неолица е сместен на околу 2 часа пешачење од центарот на село Лавци, каде посетителите најчесто ги оставаат своите автомобили. Од планинарскиот дом, до врвот Неолица има околу 2 часа.
- Време: 2 часа (Планинарски дом) / 4 часа Врв Неолица (старт село Лавци)
- Тежина: Средна
- Надморски висини:
– Село Лавци: 792 м
– Пл. дом Неолица: 1440 м
– Врв Неолица: 1865 м - Најдобро време за посета: април – ноември
Важно:
Дел од планинарските тури на оваа веб страна се означени како – лесни и средни, тешки, а има и такви кои – се „препорачливи за сите возрасти“. Треба да се има во предвид дека безбедното заминување на планина подразбира да се оди организирано, во група или со водич, да се избере тура во склад со кондицијата и да се поседува соодветна планинарска опрема која зависи од временските услови, висината и времетраењето на престој во планина.
Препорачана опрема за планинарење:
- Соодветна облека и обувки (во зависност од условите)!!!
- Дополнителна облека во зависност од сезоната
- Очила за сонце со UV филтер
- Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
- Личен сет за прва помош / сет против алергии
- Екстра храна
- Вода (најмалку 1 литар)
- Средство против инсекти
- Штеки