— Ој ти Дано, Данче битолчанче,
да ти се суши, Данче, десната рака;
што не го носиш, Данче, прстенчето!
— He колни ми ја, лудо, десната рака,
туку колни го, лудо, куменџивчето,
што ми го направи, лудо, прстенчето.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год