Девојка си бога помолила:
— Дај ми, боже, што ми срце сака!
Срце сака крилја лебедови,
срце сака илјада грошеви,
да си појдам во града Битола,
да одберам момче спроти мене:
Што не пие вино ем ракија,
што си јава коња аџамија,
што му чука саат у пазува,
што му игра видра на колено,
што му пое биљбиљ на рамена.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год