Прошетав низ град Битола
— еврејски мали, аман, аман;
На врата седит, мајче ле,
моме Еврејче, аман, аман,
на врата седит, мајче ле,
песна си пеит, аман, аман:
— Јас ќе го земам, мајче ле,
Стефа рисјанче, аман, аман.
Тој ќе ми праит, мајче ле,
широки фустан, аман, аман,
широки фустан, мајче ле,
фустан кроазен, аман, аман.
Јас ќе го земам, мајче ле,
ќе се покрстам, аман, аман.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год