Излегов да се прошетам
низ таа града Битола,
низ тие тесни сокаци
по тие бели калдрми.
Там видов моме убаво,
на висок диван седеше,
во рака чешел држеше,
руса си коса чешлаше,
на мене ишарет даваше.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год