ИЗЛЕЗИ МАЈКО НА БАЛКОН – Народни песни во кои се спомнува Битола

Излези, мајко, на балкон,

да видиш моето либе

со друго либе кај стои.

Мојте ги писма читаа,

мојот го прстен гледаа.

Ко ќ’ умрам, мајко, да умрам,

другарки да ме променат,

ергени мене да носат

низ битољската чаршија,

покрај на либе дуќано!

Да видам моето либе,

последно „збогум” да речам.

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год