КАЖИ ДОНКЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

— Кажи, кажи, Донке, што да ти донесам,
оф, аман, аман, мори лична Донке,
што да ти донесам од града Битола?
Оф, аман, аман, од града Битола.
— Шеќерна кутија, шеќер леблебија,
оф, аман, аман, мезе за ракија!
— Многу набелена, многу нацрвена,
оф, аман, аман, мори лична Донке,
на високо седиш, скришум намигуеш,
оф, аман, аман, мори лична Донке!

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год