— Кито, Кито, излези на пенџерето
да ти го видам, Кито, лицето,
на книга да го напишам,
да си го турам в пазува.
Утре ќе одам Битола,
отаде брзо не идам.
Кога ќе ми текне за тебе,
книжето да го извадам,
да ти го видам лицето,
меракот да ми помине.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год