Нели ти реков, моме Донке,
нели ти думав,
да не љубиш, моме Донке,
битољски ергени.
Битољски ергени, Донхе,
за љубов не знаат.
Они те лажат, моме Донке,
они те мамат,
се за тија, моме Донке,
тија пусти пари.
Битољски ергени, Донке,
се се мајтапчии,
ќе ти ветат, моме Донке,
кема да те земат.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год