Планинарскиот дом Неолица е лоциран на 1440 м надморска висина и има капацитет од 48 кревети.
Почнувајќи од центарот на село Лавци каде што можите да го оставите Вашиот автомобил, до планинарскиот дом води обележана планинска патека погодна за сите возрасти (околу 2 часа пешачење).
Во летните месеци од годината, планинарскиот дом е достапен и за теренски возила.
Планинарскиот дом Неолица работи за викенди преку цела година и е една од омилените дестинации за битолчани. Природниот планински чај и вкусната пилешка чорба послужени од гостопримливите домари, ќе ја направат Вашата посета незаборавно искуство.
Поискусните планинари може да продолжат до други локации на националниот парк Пелистер:
- Планинарски дом Неолица – Врв Неолица – 1 ч 30 мин
- Врв Неолица – Скрково – 1 ч
- Скрково – Муза – 1ч 20 мин
- Муза – Орлова Бара – 30 мин
- Орлова Бара – Големо Езеро – 2218 м – 1 ч