Оре, Неша турва рујно вино,
рујно вино, рум ракија.
Од виното глава, боли,
од ракија нозе болат.
He ме боли од виното,
нит’ ме боли од ракија,
тук’ ме боли за Драгана.
Вчера, некни писмо дојде
од славна Битола града.
Писмо пише жални речи,
жални речи за Драгана,
за Драгана оженето.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год