Пелистерските Очи (Големо и Мало Езеро) се леднички езера на Пелистер, сместени на надморски висини 2.180 м (Мало Езеро) и 2.218 м (Големо Езеро).
Националниот парк Пелистер има неколку обележани планинарски патеки кои Ви овозможуваат атрактивни и авантуристички доживувања за пешачење и планинарење.
Со задоволство Ви ја претставуваме планинарската патека:
Пелистерски Очи – Големо и Мало Езеро – Пелистер
- Хотел Молика – Цапарска Пресека – Мало Езеро – Големо Езеро ,, Планинарски дом ,,Димитар Илиевски – Мурато“
- Должина на патеката: 16км
- Време: 8-9ч (приближно)
- Тежина: тешка
- Висински точки на патеката: 1420м – 1590м – 2000м – 2180м – 2220м над морска височина
- Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
- Цапарска пресека 1590м
- Мало Езеро 2150м
- Големо Езеро (Планинарски дом “Димитар Илиевски – Мурато”) 2218м
Се препорачува за физички здрави, јаки и искусни планинари.
Важно:
Дел од планинарските тури на оваа веб страна се означени како – лесни и средни, тешки, а има и такви кои – се „препорачливи за сите возрасти“. Треба да се има во предвид дека безбедното заминување на планина подразбира да се оди организирано, во група или со водич, да се избере тура во склад со кондицијата и да се поседува соодветна планинарска опрема која зависи од временските услови, висината и времетраењето на престој во планина.
Препорачана опрема за планинарење:
- Соодветна облека и обувки (во зависност од условите)!!!
- Дополнителна облека во зависност од сезоната
- Очила за сонце со UV филтер
- Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
- Личен сет за прва помош / сет против алергии
- Екстра храна
- Вода (најмалку 1 литар)
- Средство против инсекти
- Штеки