Националниот парк Пелистер има неколку обележани планинарски патеки кои Ви овозможуваат атрактивни и авантуристички доживувања за пешачење и планинарење.
Со задоволство Ви ја претставуваме:
Планинарска патека до Голема Ливада – Национален парк Пелистер
- Хотел Молика – Детско одмаралиште – Мала Ливада – Голема Ливада – Инфо центар на Национален Парк Пелистер – Хотел Молика
- Должина на патеката: 6км
- Време: 2-3 ч (приближно)
- Тежина: лесна
- Висински точки на патеката: 1420м – 1270м – 1240м – 1187м – 1350м – 1420м над морска височина
- Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
- Детско Одмаралиште 1270м
- Мала Ливада 1240м
- Голема Ливада 1187м
- Назад до Молика
- Инфо центар на Национален Парк Пелистер 1350м
- Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
Се препорачува за сите кои го посетуваат хотел Молика и Националниот парк Пелистер
Важно:
Дел од планинарските тури на оваа веб страна се означени како – лесни и средни, тешки, а има и такви кои – се „препорачливи за сите возрасти“. Треба да се има во предвид дека безбедното заминување на планина подразбира да се оди организирано, во група или со водич, да се избере тура во склад со кондицијата и да се поседува соодветна планинарска опрема која зависи од временските услови, висината и времетраењето на престој во планина.
Препорачана опрема за планинарење:
- Соодветна облека и обувки (во зависност од условите)!!!
- Дополнителна облека во зависност од сезоната
- Очила за сонце со UV филтер
- Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
- Личен сет за прва помош / сет против алергии
- Екстра храна
- Вода (најмалку 1 литар)
- Средство против инсекти
- Штеки