Планинарска патека до ,,Јоргов Камен“ – Национален парк Пелистер

Jorgov Kamen Pelister Hiking Trail

Националниот парк „Пелистер“ е прв прогласен национален парк на територија на Република Македонија (1947 г). Со површина од 10.400 хектари тој е најмал национален парк во Македонија и опфаќа дел од планината Баба.
Пелистер се одликува со поволни климатски услови, бројни извори и водотеци, богат животински и растителен свет, што го прави особено интересен за посетителите.

Планинарска патека до ,,Јоргов Камен“

  • Хотел Молика – Копанки – Јоргов Камен – назад до хотел Молика
  • Должина на патеката: 4км
  • Време: 2-3ч (приближно)
  • Тежина: средна
  • Висински точки на патеката: 1420м – 1610м – 1744м – 1610м – 1420м
  • Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
  • Копанки 1610м
  • Јоргов Камен 1744м
  • Копанки 1610м
  • Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м

Препорачано за сите вљубеници во природата!!

jorgov kamen pelister hiking trail

Важно:

Дел од планинарските тури на оваа веб страна се означени како – лесни и средни, тешки, а има и такви кои – се „препорачливи за сите возрасти“. Треба да се има во предвид дека безбедното заминување на планина подразбира да се оди организирано, во група или со водич, да се избере тура во склад со кондицијата и да се поседува соодветна планинарска опрема која зависи од временските услови, висината и времетраењето на престој во планина.

Препорачана опрема за планинарење:

  • Соодветна облека и обувки (во зависност од условите)!!!
  • Дополнителна облека во зависност од сезоната
  • Очила за сонце со UV филтер
  • Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
  • Личен сет за прва помош / сет против алергии
  • Екстра храна
  • Вода (најмалку 1 литар)
  • Средство против инсекти
  • Штеки