ПРОМЕНИ СЕ ВАСЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

HomeБитола низ песнитеПРОМЕНИ СЕ ВАСЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

— Промени се, Васе, нареди се
во рувото, Васе, невестинско,
тра, ла, ла, ла невестинско!
Та излези, Васе, на портето,
да те види, Васе, свекрва ти,
тра, ла, ла, ла свекрва ти!
Ќе ти даде, ‘Васе, сто драм алва,
сто драм алва, Васе, срмен елек,
тра, ла, ла, ла срмен елек,
срмен елек, Васе, ред алтани,
ред алтани, Васе, и бисери,
тра, ла, ла и бисери! —
Пусти д’ останат, мамо, срмен елек,
срмен елек, Васе, ред алтани,
тра, ла, ла, ла ред алтани;
ред алатани, мамо, и бисери,
кога не е, мамо, Кипро дома,
тра, ла, ла, ла Кипро дома. —
— Кипро ојде, Васе, во Битола,
во Битола, Васе, по топани,
по топани, Васе, за свадбата,
тра, ла, ла, ла, за свадбата.

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

Пелистер – национален парк

0
Националниот парк Пелистер е сместен помеѓу Преспанската и Пелагониската котлина, во југозападниот дел на Република Македонија.
Sv Nikola Church Lavci village near Bitola

Св. Никола село Лавци