ПРОШЕТАЛ ПОПА НИКОЛА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Прошетал попа Никола, леле,

низ таа пуста Битола;

низ таа пуста Битола, леле,

со тие девет синови;

осумте беа женети, леле,

најмали Стојан несвршен.

Намерил моме Еврејче, леле,

на висок диван седеше,

руси си коси чешлаше, леле,

со чешел, со филдиш чешел,

млад Стојан што му велеше, леле:

— Еј гиди, моме Еврејче,

зошто се чешлаш денеска?

Денеска празник еврејски, леле,

а утре света недела.

Утре ќе црква одиме, леле,

жолти ке свеќи гориме,

на бога ќе се молиме.

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год