— Рачај, порачај, Ајрие,
што да ти купам од Битола!
Оф, аман, аман, оф, леле, бре, Ајрие!
— Ти да ми купиш, Бајраме,
за бело лице белило!
Оф, аман, аман, оф, леле, де, Бајраме бре!
За бело лице белило,
за гајтан веѓи црнило!
Оф, аман, аман, оф, леле, де, Бајрам бре!
За гајтан веги црнило,
за мало усте црвило.
Оф, аман, аман, оф, леле, де, Бајрам бре!
За мало yeie црвило,
за рамна снага фустанче.
Оф, аман, аман, оф, леле, де, Бајрам бре!
За рамна снага фустанче,
за тенка половина коланче!
Оф, аман, аман, оф, леле, де, Бајрам бре!
— Се ќе ти купам, Ајрие, и најпосле ќе те земам!
Оф, аман, аман, оф, леле, бре Ајрие!
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год