Се запали ходајчето,
ходајчето варосано,
не го жалам ходајчето,
тук’ го жалам сандачето, —
нетре ми се тефтерите,
нетре ми се сите моми,
сите моми напишани;
велешките — трендафили,
битолските — пекмезарки,
прилепските — тутунарки,
ореовски — кромидарки,
башно-селски — оцедарки …
Варај, Трено, ѓузел Трено,
како тебе нигде нема!
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год