Се посврши мала Мара,
мала Мара стогодишна.
Во с’бота се посврши, .
во недела ја зедоја,
в понеделник дете роди.
Стара свекрва се чудит,
шчо е ова шчо се стори,
шчо се роди м’шко дете!?
Млада невеста е рече:
— Ај ти, стара, ти свекрво,
ти се чудиш зош’ ее роди,
јас се чудам зош’ не оди.
To си имат сто таткои,
со сина ти сто и еден:
од Битола — поп Никола,
в’ Оризари — пет козари,
од Бучишта — три кучишта,
од Могила — мавни вила,
од Тутуша — све до душа!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год