СИРОМАШКО МОМЧЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Home Битола низ песните СИРОМАШКО МОМЧЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Си прошетав, си заминав покрај Битола,

тра, ла, ла, покрај Битола.

Там’ си најдов, там’ си сретив моме граѓанче,

тра, ла, ла, моме убаво.

— Mope моме, малој моме, колку те сакам,

тра, ла, ла, колку те сакам.

Пари немам да те земам, сум сиромав јас,

тра, ла, ла, сум сиромав јас.

— Продај нивје, продај лозје, мене земи ме,

тра, ла, ла, мене земи ме!

— Немам нивје, немам лозје, што да продадам,

тра, ла, ла, што да продадам.

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

Широк Сокак (пред Офицерски) – некогаш и денес

0
Дел од улицата Широк Сокак (пред Офицерски) на фотографија од почетокот на 20 век, споредено со истата локација во 2017. Почекајте да се појави фотографијата...