Си отидов во Битола,
си отидов во Битола, Ленче бре,
занает да научам.
He научив занаетот,
не научив занаетот, Ленче бре,
тук научив љубовта.
Љубовта е лошо нешто,
љубовта е лошо нешто, Ленче бре,
кој не знае да љуби.
Да ме знае мојта мајка,
да ме знае мојта мајка, Ленче бре,
гробот ке ми ископа.
И на гробот ќе напише,
и на гробот ќе напише, Ленче бре!
за љубовта загинав!
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год