СПАСИЈА ГУРАБИЈА – Народни песни во кои се спомнува Битола

HomeБитола низ песнитеСПАСИЈА ГУРАБИЈА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Спасијо, гурабијо,
од мала те засакав,
голема не те зедов.
Мажа ти ќе г’ отепам,
вдовица ќе те земам.
Ќe те носам Битола,
Битола на пајтони.
Ќe ти купам чадорче,
чадорче со пулајки.
Сонце да не те грее,
дождец да не те врни.
Ќe ти купам пантофли,
пантофли потлачени
и со свила везани.
Ќe ти купам чорапи,
чорапи копринени,
фустанче поласвила.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

Света Недела село Дихово

0
Св. Недела е мал храм во село Дихово во близина на Битола. Црквата е лоцирана во источниот дел на селото
Clock Tower in Bitola

Саат кула Битола