Терај, Нешо, коњска кола,
коњска кола, шест бивола,
да стигнеме град Битола,
град Битола, град Стамбола;
да купиме рој белило,
да се прават мали моми,
мали моми, лазарките,
лазарките, другарките.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год