ЦВЕЌЕ РАСЦВЕТАЛО МАРЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Цвеќе расцветало, Маре,

в нашата градина,

учи ме карај, Маре мори,

како да кандисам,

како да кандисам, Маре,

јас да го соберам,

јас да го соберам, Маре,

и да го искитам,

и да го искитам, Маре,

китка да направам,

китка да направам, Маре,

и да ја испратам,

и да ја испратам, Маре,

во града Битола,

во града Битола, Маре,

на моето либе.

Учи ме, карај, Маре мори,

што јас да наберам,

какво цвеќе, Маре мори,

јас да си соберам:

Дал босилек, Маре мори,

или пак џунџуле?

Цвеќето се бере, Маре,

дури е росно,

а моме се љуби, Маре,

дури е младо.

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год