ШТО БОЛНА ЛЕЖИШ СТАНО – Народни песни во кои се спомнува Битола

— Што ти е, Стано море,
што болна лежиш?
— Глава ме боле, треска ме тресе!
Јаз ќе си умра млада зелена,
млада зелена, не находена!
— He бој ми се, Стано море!
Јаз ќе ида у Битола града,
ќе ти испиша три хамајлие:
една од глава, друга од в очи,
трета од треска;
да не загинеш млада зелена,
млада зелена, не находена.

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год