Хераклеа Линкестис – Археолошки локалитет

heraclea lyncestis bitola macedonia

Хераклеа Линкестис е еден од позначајните антички градови во Македонија. Градот егзистирал повеќе од еден милениум. Формиран е во средината на IV век п.н.е. од страна на Филип II Македонски како важен стратешки пункт.

Работно време: секој ден

  • Април – Октомври: 09.00 – 18.00 h
  • Октомври – Март: 09.00 – 16.00 ч

Во средината на II век п.н.е. Римјаните ја освоиле Македонија и ја уништиле нејзината политичка моќ, а потоа ја претвориле во провинција и ја разделиле на четири области. И покрај ваквата состојба, Хераклеа која што припаѓала на четвртата област во римскиот период доживеала извесен просперитет. Тоа се должи, пред се на изградбата на патот via Egnatia на кој што овој град бил важна станица.
Од римско време во Хераклеа се откриени и презентирани објектите: терми, портик со почесни и вотивни споменици, театар, a се идентификувани и делови од други објекти во рамките на градските зидини и надвор од нив.

Heraclea - view from Roman Theatre

Во ранохристијанскиот период (IV-VI в. н. е.) Хераклеа била епископско седиште. Некои од нејзините епископи се забележани во актите на неколку црквени собори. Така, епископот Euagrius се споменува во актите на концилот одржан во Сердика во 343 година, епископот Quintilius на соборот во Ефес во 449, а епископот Benignus во Цариград во 553 година.

heraclea bitola macedonia - mosaic

Во ранохристијанскиот период се датирани објектите Мала и Голема базилика и Епископска резиденција и Гробишната базилика со некропола надвор од градските бедеми.

Портик на судница

Портикот е трем со правоаголна основа чијшто кров од северната страна се наслонувал на зид, а од јужната страна на редица столбови колонада. Покрај северниот зид стоела редица од почесни и вотивни споменици од кои се откриени три постаменти за статуи со грчки натписи од посвета и две статуи.

Heraclea Lyncestis, Bitola, Macedonia
Heraclea Lyncestis, Bitola, Macedonia

Покрај првиот постамент, на кој е врежан натпис:

„На богинката Немеза (го подигнува споменикот) Јупија Тертила“

е најдена мермерна статуа во природна големина на богинката на правдата и судбината Немеза. Ставот, облеката и изгледот во целина оддаваат класистички инспирации карактеристични за првите години на II век од н е.

До вториот постамент на којшто е врежан натпис:

„Градот (му подига споменик) на Тит Флавиј Орест двапати просвештеник и добродател поради неговата љубов кон овој (град) на предлог на Гај Марије Влосијан Трасоновиот (син) во времето на политарх Марие Клаудие Пулхер“

е откриена мермерна статуа на угледниот граѓанин на Хераклеја Тит Флавиј Орест.
На натписното поле на третиот постамент пишува:

„На богинката на правдата“

а на горната рамка над натписното поле се врежани два стихови од Хезиодовиот спев
„Дела и денови“.

Портикот датира на почетокот на II век од н.е.

Heraclea Lyncestis, Bitola, Macedonia
Heraclea Lyncestis, Bitola, Macedonia

Терма – Римска бања

Термата од Хераклеа е импозантен објект кој бил составен од од три главни простории: Frigidarium – простор за капење во ладна вода; Tepidarium – простор за капење во млака вода; и Caldarium – простор за капење во топла вода. Бањата се затоплувала по систем на Хипокауст (шуплина под подот), кој е добиен на тој начин што подот е поставен на столбчиња од тули. Низ неговите шуплини циркулирал топол воздух, а чадот излегувал надвор преку шупливи цевки вертикално поставени покрај зидовите.

Roman baths - Therma - Heraclea Lyncestis

Термата била изградена во римскиот период, а била во употреба и во доцната антика.

Театар

Римскиот театар во Хераклеа служел за одржување на сценски престави и престави со животни. Градбата веројатно започнала за време на императорот Хадријан (Публиј Елиј Трајан Адријан / 24 јануари 76 – 10 јули 138 година), а завршила во време на неговиот наследник Антонин Пиј. Времето на императорот Хадријан било карактеристично по модернизирањето на старите театарски згради со цел истите да се адаптираат за агонални престави.

Heraclea Lyncestis, Bitola, Macedonia
Heraclea Lyncestis, Bitola, Macedonia
Heraclea Lyncestis, Bitola, Macedonia

Гледалиштето на театарот е со потковичеста основа, со капацитет од околу 2500 гледачи. Во централниот дел на гледалиштето има ложа со почесни места, а исто така, според сочуваниот грчки натпис, првиот ред на седишта бил резервиран за преставници на четири општини (Асклепијас, Дионисиа, Артемисиja, Хераклеис).

Високиот зид кој ја обиколува орхестрата и металната ограда врз него служеле за заштита на гледачите од раздразнетите животни. Во оградениот ѕид се откриени три кафези за животни.

Во периодот на продирањето на христијанството, во арената биле фрлани христијаните, да бидат растргнати од гладните ѕверови.

Heraclea Lyncestis, Bitola, Macedonia
Heraclea Lyncestis, Bitola, Macedonia

По забраната на крвавите гладијаторски борби во почетокот на 5 век, театарот полека ја изгубил својата функција и полека бил затрупуван по пат на ерозија. Седиштата од театарот биле употребени за други градби во Хераклеа, а на местото над веќе напуштениот, затрупан и оштетен театар во почетокот на VI век од н. е. изградена е микростанбена целина.

Мала базилика

Малата базилика во Хераклеа функционирала, со повеќе фази и преправки од крајот на IV до крајот на VI в. н. е.

Наосот со две колонади е поделен на три брода. Тој на исток завршува со апсида којашто од внатрешната страна е кружна и содржи седишта за свештеници, додека од надворешната е правоаголна. Олтарниот простор е декориран со мозаик во техника »opus sectile« и е издвоен со мермерна преграда, додека страничните бродови се патосани со подни тули.

Heraclea Lyncestis, Bitola, Macedonia
Heraclea Lyncestis, Bitola, Macedonia

Западно од наосот се наоѓаат уште две простории коишто се во диспропорција со него. Првата просторија била крстилница, а следната на запад, патосана со мозаик во техника „opus tessallatun“ – катехуменум. По изградбата на комллексот на Големата базилика, споменатата функција на овие две простории, веројатно, била изменета.

Baptistery - Heraclea Lyncestis
Крстилница

Голема базилика

Голема базилика во Хераклеа (Епископска базилика или Базиликата Це) била градба со монументални размери. Нејзините простории биле патосани со мозаици со извонредни квалитети изработени во техника »opus tessallatum« со геометриски, флорални и зооморфни мотиви.

Особено интересен е Мозаикот во нартексот, кој со површина од преку 100 м2, претставува ремек дело на ранохристијанската уметност.

Mosaic Nartex - Large basilica - Heraclea Lyncestis
Мозаик Нартекс – Голема базилика – Хераклеа Линкестис
Mosaic Nartex - Large basilica - Heraclea Lyncestis - detail
Мозаик Нартекс – Голема базилика – Хераклеа Линкестис
Mosaic Nartex - Large basilica - Heraclea Lyncestis - detail
Мозаик Нартекс – Голема базилика – Хераклеа Линкестис
Mosaic Nartex - Large basilica - Heraclea Lyncestis - detail
Мозаик Нартекс – Голема базилика – Хераклеа Линкестис
Mosaic Nartex - Large basilica - Heraclea Lyncestis - detail
Мозаик Нартекс – Голема базилика – Хераклеа Линкестис

Епископска резиденција

Епископската резиденција во хераклеа имала трапезоидна форма и со својата јужна страна била прилепена на градскиот бедем. Според античката традиција просториите и биле распоредени околу централното двориште со бунар во средината. Полуксузните одаи се наоѓале во источното крило.

heraclea bitola macedonia - mosaic

Co повеќе фази, а можеби и намени, овој објект бил во употреба во периодот од 4-6 век н.е.

Heraclea Lyncestis, Bitola, Macedonia
Heraclea Lyncestis, Bitola, Macedonia

Животот во Хераклеа, како и во многу други антички градови замира кон крајот на VI век н.е.

На преминот од VI во VII век, според историските извори во овие краишта се доселиле словенски племиња.

Локација на Хераклеа Линкестис

Литература: POCKET GUIDE FOR TOURISTS – HERACLEA LYNKESTIS / Text: Nikola Ivanovski Tome Janakievski Elica Maneva / Zagreb, 1983