Веб порталот Bitola.info во соработка со специјализираната компанија за велосипеди „Фикамаго“ Ви овозможува изнајмување на најразлични видови на велосипеди во зависност од Вашите потреби.
- Локација – Битола
 - Најкраток период на изнајмување – еден ден
 - Цена – во зависност од видот на велосипед и периодот на тој се изнајмува
 - Можност за транспорт на велосипеди и групи до различни локации
 - Изнајмување со валидна ЛК или пасош и договор за изнајмување.
 
Спецификации
- RAM: Steel 22’’
 - FORK: Steel fork
 - GEARS: 6 speed
 - WHEELS: WALL 28”
 - BRAKES: V-brake
 
Услови за изнајмување
Услови и начин за изнајмување на велосипед
- Внимателно прочитајте го начинот на кој што можете да изнајмите велосипед, условите, правата и обврските.
 - Доколку веќе знаете каков велосипед Ви треба, можите да одберите од велосипедите прикажани на веб страната.
 - Во спротивно, пополнете ја контакт формата и ние ќе Ви помогниме при изборот.
 
Како да изнајмите велосипед:
- Пополнете ја контакт формата под велосипедот за кој сте заинтересирани и кликнете испрати.
 - Во најкраток можен рок ќе Ве известиме дали бараниот велосипед е слободен во посакуваниот термин и ќе Ве известиме за начинот на подигање / достава
 - При изнајмување неопходно е да поседувате валиден документ (пасош или лична карта) и да при подигање на велосипедот да потпишите договор за изнајмување.
 - Со секој изнајмен веосипед следува заштитна кацига и синџир за заклучување
 
Услови:
- Вие сте одговорни за изнајмениот велосипед.
 - Велосипедот секогаш треба да биде сместен на сигурно место и заклучен.
 - Доколку го паркирате велосипедот само на 1 минута – заклучете го!
 - Доколку Вашиот велосипед е украден, морате да ја платите сумата пропишана во договорот за изнајмување.
 - Велосипедите се погодни за возење единствено на едно лице.
 - Доколку го вратите велосипедот со посериозни оштетувања, тогаш вие сте одговорни за истите и соодветните поправки
 - Сите велосипеди имаат добри гуми и доколку на некој велосипед се скине гума, тоа е на Ваш ризик и трошок.
 - Вие самите сте одговорни за Вашата безбедност. Велосипедите кои се издаваат се во техничка исправност за планираната намена и за секоја евентуална повреда на лицето кое го изнајмува велосипедот, одговорно е самото тоа лице.
 - Плаќањето може да се направи во готово или со кредитна картичка.
 
Повеќе информации за изнајмување на велосипед:
Фикамаго
- Адреса: Карпош комплекс А лок 3, 7000 Битола
 - Тел: +389 47 232 103 / +389 70 312 146
 
            
                                    




