БОГ ДА БИЕ ПОП НИКОЛА – Народни песни во кои се спомнува Битола

HomeБитола низ песнитеБОГ ДА БИЕ ПОП НИКОЛА – Народни песни во кои се спомнува...

Бог да бие поп Никола, хајде,
поп Никола од Битола, хајде,
што си стана мошне рано, хајде,
мошне рано во недела, хајде,
та си зеде белата книга, хајде,
на книгата црно писмо, хајде,
ќе ми оди лепа црква, хајде,
ќе ми служи литургија, хајде,
литургија, вангелија, хајде.
He се пули у книгата, хајде,
тук’ се пули у жените, хајде,
у жените, невестите, хајде.
Тој ми гледа, тој ми гледа, хајде,
дал’ е тука руса Коца, хајде,
руса Коца од Крајници, хајде,
дал’ го носи широк ф’стан, хајде,
што сум правел со мој пари, хајде!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

- Advertisment -

Св. Илија село Велушина

0
Црквата Св. Илија во село Велушина е мала гробна црква лоцирана во близина на асфалтниот пат кој од селото води до манастирот Св. Ѓорѓи....