БОГ ДА ГИ БИЕ АРАПИТЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Бог да ги бие, бог да ги бие,
бог да ги бие Арапите,
Арапите од Арабистан!
Што ми дојдоа,
што ми дојдоа,
што ми дојдоа во Битола;
што ми кондисаа на Довлеџик.
Ми распнаа, ми распнаа,
ми распнаа шаторите,
ми кладоа казаните.
Ми слегоа, ми слегоа,
ми слегоа во чаршија;
чаршијата е затворена.
Ми излегол, ми излегол,
ми излегол Џемаил ага,
што му извика, што му извика,
што му извика на битолчани:
— Ај ви вие, ај ви вие,
ај ви вие, битолчани,
отворете ја чаршијата!
Што му рекоа, што му рекоа,
што му рекоа битолчани:
— Ајде од тука, Џемаил ага!
Ајде од тука, ајде од тука,
ајде од тука, Џемаил ага,
ајде оди си во Арабистан!
Ајде оди си, ајде оди си,
ајде оди си во Арабистан!
Чаршијата не се отвора!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год