ВАСИЛ ЖУРКА ГО УБИВА АЈДИТ МАЉА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Алал да му бидит на Васил Журка,
шчо ми собрал седумдесет мина,
седумдесет мина се млади момчиња,
се’ млади момчиња и се’ преспанчиња,
се’ преспанчиња, се’ Македончиња,
та шчо ми излегол млад арамија,
млад арамија во Преспанско Поле,
во Преспанско Поле, в Германска Планина.
Шчо се собрале сите Турците,
та ми отидоа во град Битола,
мезлич ми чинат жив да го фатат:
„Да се собериме до илјада души,
до илјада души се’ башибозуци,
та да одиме во Преспанско Поле,
во Преспанско Поле, в Ѓерманска Планина”.
Таман ќинисаа на пат да ми одат,
на пат да ми одат на Боунско Поле,
голем страв зедоа, назад се вратиа,
маана најдоа: туфеѕи немале.
Та што ми дочу тој Васил Журка,
от’ по него идат илјада души,
илјада души се’ башибозуци,
алал да му бидит пак на Васил Журка,
шчо ми написа онаа бела книга,
онаа бела книга, тоа црно писмо,
та си ја прати во град Битола,
дури во Битола, право на пашата:
„Да се соберите до десет илјади,
до десет илјади се’ башибозуци,
ич страв немам од ваш башибозук!”
Од тука ми слезе тој Васил Журка,
од тука ми слезе во Корчанско Поле,
во Корчанско Поле, во селото Ѕвезда,
тука ми ги најде сите селани,
сите селани, сите чорбаџии,
та шчо нарача онај добар ручек,
онај добар ручек, до десет погачи,
до десет погачи, до десет преснеѕи,
ем рудо јагне и лута ракија.
Тие му рекоја: — „Да видит господ,
да видит господ од вас ајдути!
Сега овде беше тој ајдут Маљо,
нему му дадовме овај добар ручек!”
Тогај им рече тој Васил Журка:
„Ручек ви нејќум, право ми кажите,
право ми кажите за ајдут Маља,
за ајдут Маља каде отиде?”
„Сега ми слезе згора над лозјана.”
Та шчо ми ојде тој Васил Журка,
та шчо му викна на ајдут Маља:
„Каде си го нашол овој добар ручек,
овај добор ручек и љута ракија.
А тој ајдут Маљо ракија ми пијат,
песна ми пеит, оро ми играт,
оро ми играт, нему му се смеит.
Алал да му бидит на Васил Журка,
шчо му наврти московска мартинка,
шчо ми го удри по десната страна.
Од тука откина пак ајдут Маљо,
та ми отиде во турска куќа.
По него трчат тој Васил Журка
каде отиде трага да ми најдит;
Трагата му најде во турската куќа,
умрен го најде, в земја закопан;
Та шчо натера тој домаќинот
од земја да г’ извајт, с’ јаже да го врзит.
Од земја г’ изваде, с’ фортома го врза,
кучиња му кладе него да го тргает;
Шчо го обеси на високо дрво,
на високо дрво тишки да го јадет.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год