Националниот парк Пелистер има неколку обележани планинарски патеки кои Ви овозможуваат атрактивни и авантуристички доживувања за пешачење и планинарење.
Со задоволство Ви ја претставуваме:
Кружна планинанарска патека до врвот Пелистер и назад до хотел Молика
- Хотел Молика – врв Пелистер – хотел Молика
- Должина на патеката: 21км
- Време: 8,5ч (приближно)
- Тежина: тешка
- Висински точки на патеката:1420м – 1936м – 2468м – 2542м – 2601м надморска височина, и назад до Молика.
- Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
- Планинарски дом “Копанки” 1610м
- Видиковец 1936м
- Врв “Стив” 2468м
- Врв “Илинден” 2542м
- Врв “Пелистер” 2601м
- Камењар 2000м
- Цапарска Пресека 1590м
- Хотел Молика 1420м
Се препорачува за физички здрави, јаки и искусни планинари.
Важно:
Дел од планинарските тури на оваа веб страна се означени како – лесни и средни, тешки, а има и такви кои – се „препорачливи за сите возрасти“. Треба да се има во предвид дека безбедното заминување на планина подразбира да се оди организирано, во група или со водич, да се избере тура во склад со кондицијата и да се поседува соодветна планинарска опрема која зависи од временските услови, висината и времетраењето на престој во планина.
Препорачана опрема за планинарење:
- Соодветна облека и обувки (во зависност од условите)!!!
- Дополнителна облека во зависност од сезоната
- Очила за сонце со UV филтер
- Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
- Личен сет за прва помош / сет против алергии
- Екстра храна
- Вода (најмалку 1 литар)
- Средство против инсекти
- Штеки