Национален парк Пелистер – пешачки и планинарски патеки

hiking on pelister 24

Националниот парк Пелистер има неколку обележани планинарски патеки кои Ви овозможуваат атрактивни и авантуристички доживувања за пешачење и планинарење.

Со задоволство Ви ги презентираме пешачките и планинарските патеки низ Националниот парк Пелистер:

1. Кружна планинанарска патека до врвот Пелистер и назад до хотел Молика

  • Хотел Молика – врв Пелистер – хотел Молика
  • Должина на патеката:21км
  • Време:8,5ч (приближно)
  • Тежина:многу тешко
  • Висински точки на патеката:1420м – 1936м – 2468м – 2542м – 2601м над морска височина, и назад до Молика.
  • Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
  • Планинарски дом “Копанки” 1610м
  • Видиковец 1936м
  • Врв “Стив” 2468м
  • Врв “Илинден” 2542м
  • Врв “Пелистер” 2601м
  • Камењар 2000м
  • Цапарска Пресека 1590м
  • Хотел Молика 1420м

Се препорачува за физички здрави, јаки и искусни планинари.
hiking on pelister 3

2. Планинарска патека до Големо Езеро

  • Хотел Молика – Цапарска Пресека – Мало Езеро – Големо Езеро ,, Планинарски дом ,,Димитар Илиевски – Мурато“
  • Должина на патеката: 16км
  • Време: 8-9ч (приближно)
  • Тежина: тешко
  • Висински точки на патеката: 1420м – 1590м – 2000м – 2180м – 2220м над морска височина
    Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
  • Цапарска пресека 1590м
  • Мало Езеро 2150м
  • Големо Езеро (Планинарски дом “Димитар Илиевски – Мурато”) 2218м

Се препорачува за физички здрави, јаки и искусни планинари.

hiking on pelister 6

3. Планинарска патека до ,,Јоргов Камен“

  • Хотел Молика – Копанки – Јоргов Камен – назад до хотел Молика
  • Должина на патеката: 4км
  • Време: 2-3ч (приближно)
  • Тежина: не многу тешка
  • Висински точки на патеката: 1420м – 1610м – 1744м – 1610м – 1420м над морска височина
    Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
  • Копанки 1610м
  • Јоргов Камен 1744м
  • Копанки 1610м
  • Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м

Препорачано за сите вљубеници во природата!!

hiking on pelister 12
4. Историска патека од Прва Светска Војна – 1914-1918

  • Хотел Молика – Инфо центар – хотел Молика
  • Должина на патеката: 2,5км
  • Време: 2ч (приближно)
  • Тежина: лесно
  • Висински точки на патеката: 1420м – 1350м – 1420м над морска височина
  • Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
  • Инфо центар – Национален Парк Пелистер 1350м
  • Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м

Се препорачува за сите кои го посетуваат хотел Молика и Националниот парк Пелистер

hiking on pelister 17

5. Патека до “Голема Ливада”

  • Хотел Молика – Детско одмаралиште – Мала Ливада – Голема Ливада – Инфо центар на Национален Парк Пелистер – Хотел Молика
  • Должина на патеката: 6км
  • Време: 2-3ч(приближно)
  • Тежина: не многу тешко
  • Висински точки на патеката: 1420м – 1270м – 1240м – 1187м – 1350м – 1420м над морска височина
  • Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
  • Детско Одмаралиште 1270м
  • Мала Ливада 1240м
  • Голема Ливада 1187м
  • Назад до Молика
  • Инфо центар на Национален Парк Пелистер 1350м
  • Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м

Се препорачува за сите кои го посетуваат хотел Молика и Националниот парк Пелистер

hiking on pelister 20

6. Патека до “Палиснопје”

  • Хотел Молика – Инфо центар – Палиснопје – Копанки – Хотел Молика
  • Должина на патеката: 7км
  • Време: 3ч(приближно)
  • Тешкотија/тежина: лесно
  • Висински точки на патеката: 1420м – 1350м – 1400?м – 1610м – 1420м над морска височина
  • Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м
  • Инфо центар 1350м
  • Палиснопје 1500м
  • Копанки 1610м
  • Бегова чешма (Хотел Молика) 1420м

Се препорачува за сите кои го посетуваат хотел Молика и Националниот парк Пелистер


Хотел Молика

  • Бегова чешма, Национален Парк Пелистер, Битола, Република Македонија
  • + 389 (0) 47 229 406
  • +389 (0) 75 495 725
  • + 389 (0) 47 229 048 ( fax )
  • email: hmolika@t-home.mk
  • https://www.hotelmolika.com.mk

Важно:

Дел од планинарските тури на оваа веб страна се означени како – лесни и средни, тешки, а има и такви кои – се „препорачливи за сите возрасти“. Треба да се има во предвид дека безбедното заминување на планина подразбира да се оди организирано, во група или со водич, да се избере тура во склад со кондицијата и да се поседува соодветна планинарска опрема која зависи од временските услови, висината и времетраењето на престој во планина.

Препорачана опрема за планинарење:

  • Соодветна облека и обувки (во зависност од условите)!!!
  • Дополнителна облека во зависност од сезоната
  • Очила за сонце со UV филтер
  • Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
  • Личен сет за прва помош / сет против алергии
  • Екстра храна
  • Вода (најмалку 1 литар)
  • Средство против инсекти
  • Штеки