Врв Пирамида – Голем Камен – 1656 м – планинарска патека

Pyramid Peak 1656 m (Golem Kamen) - view toward Prespa Lake, Macedonia

Планинарската патека до врвот Пирамида (Голем Камен) Ви овозможува во исто време да уживате во прекрасните панорами на Преспа и Пелагонија.

Почнувајќи од црквата Св. Богородица на регионалниот пат Битола – Ресен (1176 m), обележаната планинарска патека Ве води до врвот Пирамида на 1656 m надморска висина (1.5 – 2 часа). Тука врвот Пирамида Ви ги нуди едни од најубавите панорами од регионите каде минувалa познатата римска магистрала Виа Егнација (Виа Игнација).

По посетата на врвот Пирамида, Вашата следна дестинација може да се прилагоди во зависност од Вашиот интерес, но и кондиција.
Една опција е посета на живописното село Гопеш и грандиозната црква Св. Преображение (~ 2 км / 30 мин).
Втора опција е посета на познатото револуционерно село Смилево, кое со својата живописна природа и богата историја дава одлична можност да научите повеќе за историјата на Македонскиот народ (~ 8 km / 2 ч 30 мин).

Врв Пирамида – Голем Камен – 1656 м – планинарска патека

  • Време: 2 часа (до Врв Пирамида) / +30 мин до село Гопеш / или +2 ч 30 мин до село Смилево
  • Тежина: Лесно / Средно
  • Надморски висни:
    – Св. Богородица: 1176 м
    – Врв Пирамида (Голем Камен) : 1656 м
    – Село Смилево: 925 м / Село Гопеш:1110 м
  • Најдобро време за посета: април – ноември

Важно:

Дел од планинарските тури на оваа веб страна се означени како – лесни и средни, тешки, а има и такви кои – се „препорачливи за сите возрасти“. Треба да се има во предвид дека безбедното заминување на планина подразбира да се оди организирано, во група или со водич, да се избере тура во склад со кондицијата и да се поседува соодветна планинарска опрема која зависи од временските услови, висината и времетраењето на престој во планина.

Препорачана опрема за планинарење:

  • Соодветна облека и обувки (во зависност од условите)!!!
  • Дополнителна облека во зависност од сезоната
  • Очила за сонце со UV филтер
  • Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
  • Личен сет за прва помош / сет против алергии
  • Екстра храна
  • Вода (најмалку 1 литар)
  • Средство против инсекти
  • Штеки

Фото галерија – Ѓавато – Врв Пирамида – Село Смилево…