Додеало ми се, мале, на собор да одам,
во град, во Битола, мале, секоја година.
Тамо ми се берат, мале, мало ем големо,
еснаф како мене, мале, од тријсет години;
мене ми се смеат, мале, што не сум оженет,
за уши ме фаќат, мале, за носот ме тргат.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год