ДОНКА МИ Е БОЛНА БИЛА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Донка ми е, џанам, болна била, ајде,

болна била, не е могла.

Никој Донха, џанам, не верује, ајде,

ни свекорот, ни свекрва;

Тој што Донка, веруваше, ајде,

не е дома, е далеку.

Отишол е, џанам, на печалба, ајде,

на печалба град Битола,

град Битола, џанам, кафенето, ајде,

в кафенето, кафеџиче.

Изговара, џанам, бела Донка, ајде:

— Ој ти мајко, стара мајко,

извикај ми, џанам, селски попе, ајде,

да напише бела книга,

бела книга, џанам, црно писмо, ајде,

да го пратам во Битола,

град Битола, џанам, до моето момче:

Да си дојде од Битола,

да си дојде, џанам, од Битола, ајде,

дури не сум ја умрела!

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год