HomeБитола низ песнитеДОНЧО ШТИПЈАНЧЕТО - Народни песни во кои се спомнува Битола

ДОНЧО ШТИПЈАНЧЕТО – Народни песни во кои се спомнува Битола

Ми товарил калеш Дончо
три товари ориз.
Леле, леле, леле!
Дончо за жалејне!
Оф-оф-оф-оф-оф-оф!
Дончо Штипјанчето!
Ми отишол калеш Дончо
во пуста Битола;
Ми дофтасал калеш Дончо
до Света Недела.
Го сретоја калеш Дончо
Турци — каракули:
— Што ми носиш, калеш Дончо,
во тие товари?
— Нема нишчо, аго море,
само ориз носам!”
Бастисаја пусти Турци
и трите товари;
ми најдоја пусти Турци
бомби и патрони.
Летна Дончо да ми бега
по пуста Битола.
Го фатија калеш Дончо
пустите заптии,
го кладоја калеш Дончо
во пусти апсани,
го мачија калеш Дончо
во тесни долапи.
Истраја ми калеш Дончо
нишчо не предаде!
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

Most Popular