ЗДОДЕАЛО МИ СЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Hotels in Bitola

Здодеало ми се, мајко,
железар да бкдам,
железар да бидам, мајко,
во пуста Битола,
во пуста Битола, мајко,
долу на Ат-пазар.
Me викнаа, мила мајко,
горе на началство,
ме избрале, мила мајко,
војвода да бидам,
војвода да бидам, мајко,
Леринската кааза.
Ми избрале, мила мајко,
триесет четници.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год

Share your love