Државен ученички дом “Мирка Гинова“

Државниот ученички дом “Мирка Гинова“ започнува со работа во 1960 год. како Дом за средношколска младина. Истиот е со капацитет од 280 легла, распоредени во 73 соби.
Моментално во него престојуваат околу 200 средношколци од другите градови од Републиката, а од учебната 2005/06 престој во домот е дозволен и за студенти, така што нивниот број во моментов изнесува околу 60. Во домот постои и можност за пансионска исхрана и тоа со 3 оброци за учениците и 2 за судентите.

  • Ул. Македонска фаланга бр. 31а
  • Тел. 047 237 548
  • Година на основање: 1960 год.
  • Капацитет: 280 легла / 73 соби