ИЗЛЕГУВАЊЕ ПАРТИЗАН – Народни песни во кои се спомнува Битола

Здодеало ми се, мајко, железар да бидам,
железар да бидам во пуста Битола.
Сите се писаа, мајко, на војна да одат.
Дозволи ми, мила мајко, и јас да се пишам,
и јас да се пишам, мајко, за бојното поле,
и јас да се борам, мајко, тебе да ослободам.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год