ИЗНИКНАЛО БАДЕМ ДРВО – Народни песни во кои се спомнува Битола

Изникнало бадем дрво
во Битолско рамно поле,
под дрвото бела чешма тече,
на дрвото три билбила пеат.
Првиот билбил пее:
„Ај ви вие, Македонци,
што сте нажалени,
што сте наплакани?”
Вториот билбил пее:
„Да се слават Славјаните!”
Треќиот билбил пее:
„Да се ослободат Македонците!”
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год