Тргна Богдан, Калеш Богдан
од града Битола,
да ми одит Калеш Богдан
во града Солуна.
Тогаш вели Калеш Богдан
на својата коња:
— Ако мене ти однесеш
во града Солуна,
ќе те ранам со шеќери
и со суво грозје.
Ако мене не однесеш
во града Солуна,
ќе те ранам со чемери,
зерој и катрани.
Лева нога в узенгија,
десна во горничо;
Дури кладе десна нога
во десна узенгија,
ми пристигна Калеш Богдан
во града Солуна.
Тогаш вели Калеш Богдан
на својата коња:
Re те ранам со шеќери
и со суво грозје
дека мене ти донесе
во града Солуна.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год