КИНИСАЛА МОМА НА ВОДА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Киниса мома на вода, мамо,
со две стомни земјени, мамо,
и два ибрика стребрени, мамо,
по тие бели друмови, мамо;
Паднала магла голема, мамо,
погреши моме друмови, мамо,
тргнала в поле широко.
Во поле студен кладенец
и на кладенец комити.
Комити пушки чистеа
и со китки ги китеа.
Во град Битола ќе одат,
тешки ќе бумби фрлаат,
конакот да го расипат,
апсанците да испуштат.
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год