КИР ТОДОРЧЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Поп Никола од Битола,

што си има девет сина,

девет сина, осум снаи,

осум снаи, седум внуци.

А што беше најмалото,

најмалото кир Тодорче.

Променето се у злато,

се’ у злато, се’ у срма;

На црквата ќе ми одат.

Поминале крај палатот,

крај палатот на султанот.

Го догледа царевата,

царевата лична ќерка,

лична ќерка најмалата.

Го догледа, се заљуби,

се заљуби и го зеде.

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год