Книга пише бела Васа,
бела книга ситно писмо.
Ќе ја праќа на далеку,
на далеку во Битола,
во Битола, кир Михајлу.
Во писмото ситно пише:
„Слушај вамо кир Михајлу,
кир Михајлу, срце мое!
Да си.дојдеш за Велигден!
Ак’ не идеш за Велигден,
да си дојдеш за Ѓурѓовден.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год