Ленкино либе Битола шета,
Битола шета крај гробиштата:
— Ја стани, стани, либе Еленке,
јас да ти видам рамната снага,
рамната снага, белото лице,
белото лице, црните очи,
црните очи, русата коса.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год