Локум Фест е фестивал на музика и традиција кој се одржува од 2007 година во Старата чаршија во Битола.
- Локација: Стара чаршија Битола
- Организатор: Центар за културна деконтаминација Битола
- Адреса на организаторот: Стив Наумов 120, 7000, Битола
- www.ckdbitola.org.mk, www.lokumfest.mk
- e-mail: ckdbitola@gmail.com,
- Тел: 00389 75 269 218
Локум Фест има јасна мисија за заживување на Старата чаршија, зачувување на културното наследство и традиција преку модерна чалгија, промоција на традиционални ракотворби и други презентации во духот на културната традиција.
Фестивалот се одржува во месец јули во Старата битолска чаршија.