ЛУДИ МЛАДИ ГОДИНИ – Народни песни во кои се спомнува Битола

Ој вие млади, џанам, години,

летнавте како бели галаби,

слетнавте во момини скутови,

за мене каил не се сторивте!

Ергенлек, мила мамо, пашалак,

моминство, мила мамо, везирство!

Барем се ерген, мамо, нашетав

низ таа града, мамо, Битола!

Битолски моми, мамо, наљубив,

рисјанки, мамо, та и Еврејки!

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год

Previous articleСЕ ОМАЖИВ СЕ ЗАДОМИВ – Народни песни во кои се спомнува Битола
Next articleБИТОЛА БАБАМ БИТОЛА