Мара раштанка, Мара раштанка
битољчан заљуби.
Брат е не ја дава
за битолчанец,
Мара стоеше, Мара стоеше
пред огледало.
Дробни си солзи, дробни си солзи Мара ронеше;
ЈБуто си брата, љуто си брата Мара колнеше,
зош’ не ја дава, зош’ не ја дава
за битољчанец.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год