МОМЕ МАВРОВО И МОМЧЕ – Народни песни во кои се спомнува Битола

— Бре гиди, моме Маврово,

бре гиди, пиле шарено,

бре гиди, јагне сугаре,

бре гиди, мека постељо!

Кога ми одиш на вода,’

како тетовски војвода,

кога ми идеш од вода,

како ми ѕвезда Деница,

кога ми одиш на бана,

како битолска анама,

кога ми идеш од бана,

како стамболска султана!

Ето, те најдов на врата,

отвори жити два брата,

прибери мене сирака,

ни татка имам, ни мајка,

ни брата имам, ни сестра,

ни стрика имам, ни вујка!

Стани, наточи ракија,

да пијам, да се опијам,

на скутот да ти заспијам;

Co солзи да ме измијаш,

со скутник да ме избришиш!”

 

Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА

Народни песни во кои се спомнува Битола,

собрал, предговор и речник напишал

проф. Филип Каваев

Издадена: Битола, Октомври 1969 год